Денес во Скопје беше претставена Медиумската кампања за борба против семејното насилство – „Вистинскиот маж не удира жена“ со три спотови, која е дел од тригодишната програма „Зајакнување на националните капацитети за превенција на семејно насилство 2008-2011“, што ја спроведуваат агенциите на ОН (УНДП, УНИЦЕФ, СЗО, УНФПА и УНИФЕМ) и Министерството за труд и социјална политика на РМ.