Анализата спроведена од Македонското здружение на млади правници (МЗМП) покажува дека по четири години од донесувањето на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, сеуште се јавуваат проблеми во неговото спроведување.
По повод тврдењата изнесени во написот „Грција ги плаќа нивните, а во Македонија своите новинари за да помине грчкиот предлог“, објавен во „Вечер“ на 18 декември 2009, во кој се обвинети дека примаат пари од грчката Влада за да лобираат за решавање на спорот за името помеѓу двете држави во полза на Грција, 13 новинари, интелектуалци и граѓански активисти поднесоа тужба, во петок, 22 јануари, против уредникот Драган Павловиќ Латас.
НВО Инфоцентарот и Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), во изминатите 12 месеци, со официјална согласност на Националниот совет за Европски интеграции (НСЕИ), ја следеа и оценуваа неговата работа, во рамките на проектот „Време е за ЕУ“.
Минатиот четврток, 17 декември, Првата детска амбасада во светот Меѓаши ги претстави Алтернативните извештаи на невладините организации за состојбата со правата на детето во Република Македонија. Извештаите ги подготви Националната коалиција ѕа правата на детето, по повод Вториот периодичен државен извештај по Конвенцијата за правата на детето и иницијалните извештаи за факултативните протоколи.
Петтата меѓународна конференција е-Општество.Мк (e-Society.Mk): Јас медиум, која собира меѓународни стручњаци на полето на технологијата, владеењето, новинарството, блогирањето и социјалниот активизам, беше отворена вчера во Скопје.
Балканската мрежа ѕа развој на граѓанското општество (БМРГО) организираше на 10 септември во Брисел, во соработка со Апродев (Aprodev), работилница на тема „Право да бидат сослушани: Политиката на проширување на ЕУ и граѓанското општество во Западен Балкан“.
Иницијативата „Граѓани за европска Македонија“ (ГЕМ) го објави својот втор манифест - „Против молчењето“, кој е резултат од серијата дебати одржани ширум Македонија и драматичните средби и разговори со граѓаните, со цел да ги повика интелектуалците, слободоумните и сите оние што не се чуствуваат како апологети на власта да се огласат и отворено да проговорат за состојбите во државата.