Право и закони

Законот за слободен пристап до информации тешко се спроведува

Анализата спроведена од Македонското здружение на млади правници (МЗМП) покажува дека по четири години од донесувањето на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, сеуште се јавуваат проблеми во неговото спроведување.

Албанија усвои антидискриминациски закон

Парламентот на Албанија едногласно го усвои, на 4 февруари 2010, новиот Закон за анти-дискриминација кој ја забранува дискриминацијата по неколку основи, вклучувајќи ги сексуалната ориентација и родовиот идентитет, со што Албанија влегува во редот на малкуте европски држави кои експлицитно ја забрануваат дискриминацијата по основ на родовиот идентитет.

Цивил Mедиа и Советот за радиодифузија потпишаа меморандум за соработка

Советот за радиодифузија на Република Македонија и ЦИВИЛ МЕДИА потпишаа, во четврток, 19 ноември, Меморандум за соработка со кој се официјализира соработката во доменот на јакнење на јавната свест, едукација и развој на електронските медиуми, авторските права и слободата на говорот и се зајакнува соработката на ова Советот со граѓанскиот сектор.

Медиумите незадоволни од Законот за авторски права

Незадоволни од Предлог-законот за авторски права, вчера претставници од Центарот за развој на медиуми и од електронските медиуми ТВ Канал 5 плус, ТВ А1, ТВ Коха одржаа прес-конференција на која ги изнесоа своите забелешки и мислења за текстот што го изготвува Министерството за култура.

Насилството врз децата во пораст

По повод 17 Мај – Меѓународниот ден на СОС линиите за помош и поддршка на децата, Првата детска амбасада во светот Меѓаши објави дека СОС телефонот за помош на деца и млади (0800 12222) примил вкупно 360 повици во 2008 година, а Меѓаши интервенирала во 199 случаи.

Граѓаните неинформирани за Законот за пристап до информации

Според Истражувањето на ФИООМ за перцепцијата на граѓаните во Република Македонија за остварувањето на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер и оцената на имателите на информации за примената на правото, дури 63 отсто од македонските граѓани не знаат дека постои Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер.

Уставниот суд ја укина веронауката во основното образование

Уставниот суд на Република Македонија вчера, 15 април, одлучи да го укине членот 26 од Законот за основно образование со кој се овозможи воведување верско образвание во основните училишта во Македонија.

Syndicate content

Tag Cloud

KampanjaInfo.org

Take Back The Tech
read about take back the tech campaign in SEE on local languages on: www.kampanjainfo.org

Ne damo Varšavsku!

Ne damo Varšavsku

queer festival sarajevo 09 banner

Festival as any other - Festival of arts and engaged art

Secularism and Religion

Secularism and Religion in SEE

Read our new dossier on Secularism and Religion in SEE (the versions in the local languages to be online very soon)