Вчера, 30 ноември, Европската унија донесе одлука дека граѓаните на Македонија, Србија и Црна Гора можат да патуваат без визи во земјите на Шенгенската зона веќе од 19 декември оваа година. Визната либерализација се однесува само на носители на валидни биометриски пасоши, за престој до 90 дена во текот на еден шестмесечен период.