Европскиот Парламент во Брисел денес треба да ја усвои резолуцијата за поддршка на укинувањето на визите за влез во државите на ЕУ за државјаните на Македонија, Србија и Црна Гора, која треба да почне да важи од 19 декември оваа година.
Тања Фајон, известувач на Парламентот за визна либерализација за трите држави од Западен Балкан, го изрази своето задоволство од очекуваната одлука за укинување на визите и подсети дека граѓаните на тие држави се изолирани поради визниот режим на Унијата, како и дека во бивша Југославија имаа поголеми права и слобода на патување.