Човековите права под ѕакана: ЕУ мора да ја ратификува и примени конвенцијата КЕДПЖ

Printer-friendly versionSend to friend

По повод 30-тата годишнина од усвојувањето на Конвенцијата на ОН за елиминација на сите форми на дискриминација на жените (КЕДПЖ), мрежата WIDE ја подсетува Европската унија за значењето и безвременоста на Конвенцијата за женските човекови права и обврските на Унијата да ја унапредува родовата еднаквост.

“Од усвојувањето на Конвенцијата од страна на 90% од членките на ОН поминаа три децении. Сепак, ЕУ се уште ја нема ратификувано конвенцијата ниту државите членки ја применуваат. WIDE верува дека во денешните услови на повеќеслојна глобална криза, женските права и родовата еднаквост се под закана која никогаш не била поголема и Европа треба да превземе итна акција“, велат во WIDE.

Сведоци сме на глобалниот удар врз политиките за промоција на родовата еднаквост, женските права и социјалната правда, удар кој дополнително е засилен од глобалната криза, верските и политичките фундаментализми и конзервативните десничарски политики, додава мрежата. Од друга страна, политиките за решавање на кризата не успеваат да посочат на неодржливоста на постоечкиот неолиберален еконски систем кој се потрпира на конкуренцијата, профитите и вештачката поделба на продуктивни и репородуктивни економии.

Триесетата годишница од Конвенцијата е клучен потсетник за Европската комисија и државите членки мораат да ги исполнат своите обврски на полето на унапредувањето на родовата еднаквост и женските права во Европа и во светот. КЕДПЖ е клучна конвенција, инструмент за придвижување на националните и меѓународните законодавства и политики.

WIDE бара од ЕУ и од државите членки да дејствуваат и да ги почитуваат своите обврски на полето на родовата еднаквост и женските права, наведени и во Лисабонскиот договор, Пактот за родова еднаквост на ЕУ, Комуникацијата за еднаквите можност и за жените и мажите, Развојниот концензус и Комуникацијата за родната еднаквост и јакнењето на жените на полето на развојот.

WIDE исто така бара од ЕУ да се посвети на безрезервна ратификација и примена на Конвенцијата. ЕУ мора да ги вклучи организациите на граѓанското општество, особено женските организации, во консултациите при подготовката на извештаите; мора да спроведува поправични родови, економски и социјални политики; мора да промовира општествен и економски модел кој е фокусиран на луѓето и кој ги вклучува репродуктивните економии во центарот на своите политики; мора да усвои вистинско законодавство за родовите политики кое оди многу подлабоко од посточкате Мапа на патот кон родовата еднаквост; мора да ја зголеми кохерентноста на политиките и да ги поврзе женските права, трговијата и развојот.

“Европската комисија мора да се посвети на примената на Конвенцијата во спроведувањето на политиките за Европското соседство, како и на развојот и трговските политики со земјите во развој. Институциите на ЕУ и државите членки мораат да ја постават Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација на жените во центарот на своите политики“, вели WIDE.

Мрежата WIDE е европска феминистичка мрежа на женски организации, развојни НВО, специјалисти за родови прашања и активисти и активистки на полетона женските права.

Follow owpsee


Follow owpsee on Twitter facebook

  

Vimeo Flickr

Tag Cloud

Ne damo Varšavsku!

Ne damo Varšavsku

Digital stories

APC Anniversary logo

Association for Progressive Communications - APC is celebrating its 20th Anniversary. Red more at www.apc.org

KampanjaInfo.org

Take Back The Tech
read about take back the tech campaign in SEE on local languages on: www.kampanjainfo.org