

Иницијативата „Граѓани за европска Македонија“ (ГЕМ) го објави својот втор манифест - „Против молчењето“, кој е резултат од серијата дебати одржани ширум Македонија и драматичните средби и разговори со граѓаните, со цел да ги повика интелектуалците, слободоумните и сите оние што не се чуствуваат како апологети на власта да се огласат и отворено да проговорат за состојбите во државата.
Иницијаторите на „Граѓани за Европска Македонија“ во вториот манифест го креваат својот глас против молкот на интелектуалците, бизнисмените, професорите, лекарите, писателите, новинарите, архитектите, уметниците, командантите, владиците и отворено прашуваат кој ќе ја дефинира одговорноста на учесниците и соучесниците во грабежот камуфлиран како патриотизам?
Бранко Героски, Никола Гелевски, Мерсел Биљали, Роберто Беличанец, Жарко Трајаноски и Владимир Милчин порачуваат дека молкот е штетен за државата. Мора да има дијалог, мора да има соочување, мора да го изградиме и да го негуваме силното јавно мислење. не смееме да дозволиме стравот, преку молчењето, да владее со граѓаните. Македонија е република, со демократско уредување во која граѓаните имаа право гласно да говорат за проблемите.
Иницијаторите на ГЕМ го објавија првиот манифест во февруари годинава.
Копија од манифестот е достапна за симнување на интернет страната на ГЕМ.