

Во рамките на Глобалната недела против вооруженото насилство 2009, невладината организација Цивил вечерва го прикажува документарниот филм Оружје, трговија и национални интереси на авторите Давид Андре и Пол Мореира.
Проекцијата ќе се одржи во АРТ КАФЕ МАЛА СТАНИЦА, со почеток во 21 часот. По проекцијата, организирана е забава со музичкиот избор на Марјан Јанкуловски.
Филмот ја прикажува работата на Amnesty International во потрага по вистината за оружјето употребено во кршењето на човековите права и за кампањата што се води за воведување на Спогодбата за трговија со оружјето во светски рамки (ATT) за да се спречат трагедиите во иднина.
Денеска е трет ден како се одржуваат ЧАСОВИТЕ НА СЛОБОДНОТО ОПШТЕСТВО во ЦИВИЛ. На овие средби посетителите добиваат материјали и информации, и се собираат ставови за финализација на Апелот за надминување на вооруженото насилство во кој се бара од сите институции и поединци да превземат активности за надминување на вооруженото насилство за да се сочува духот на слободата и човековите права во општеството.