

Исламот и политиката на Западен Балкан, од Башким Исени и Гзавие Бугарел има за цел да ги разјасни односите помеѓу исламот и политичките дејности на Западниот Балкан, со оглед дека исламот е традиционална компонента не само на верскиот, туку и на културниот и општествениот живот за голем број луѓе во регионот уште од крајот на Средниот век и кохабитирал, помалку или повеќе среќно, со христијанството, било од католичка, православна или, поретко, протестантска провениенција.
Изданието е резултат на едно истражување нарачано од Политичкиот секретаријат на Федералното министерство за надворешни работи на Швајцарија – Политорбис.
Изворно објавено од Политорбис, преведено е на македонски и албански јазик и објавено од Македонскиот центар за меѓународна соработка, во почетокот на 2009 година.