

Она што важи офлајн важи и онлине – аргументот што законодавците често го користат против комуникацијата на интернет - е свртена наглава ѕа да се потенцираат основните права на интернет во новата резолуција на Советот на Европа.
Во прилично долгата резолуција која ги поставува задачите на полето на интернет и медиумите на кои Советот треба да работи во следните пет години, министрите за медиуми и нови комуникации собрани во Рејкјавик, Исланд, нагласуваат дека „основните права, стандардите и вредностите на Советот на Европа ги покриваат информатичките и комуникациските сервиси на интернет во иста мерка во која го покриваат и светот офлајн“.
Министрите побараа од државите членки на Советот на Европа да го третираат универзалниот пристап на интернет како дел од обезбедувањето на јавни услуги. Бариерите за пристапот на интернет во одредени држави, во прекуграничниот промет и бариери кои се резултат на можните проблеми во клучните инфраструктурни системи на интернет се поставени на дневниот ред на Советот за разгледување во иднина.
Бариерите за пристап до интернет не ја ограничуваат само способноста на граѓаните да купуваат на интернет. Со селидбата на се повеќе медиумски и политички содржини на интернет, таквите бариери ги ограничуваат и основните права на граѓаните, велат министрите за медиуми и нови комуникации.
„Тоа не е игра“, вели Јан Клајсен, директор за стандарди на Советот за Европа. „Изборните кампањи, како што беше кампањата на претседателот Обама и, делумно, кампањата за изборите за Европскиот Парламент, сега се одвиваат на интернет. Ограничувањето на пристапот до таквите информации е очигледно кршење на политичките и граѓанските права на луѓето“.
За целиот текст на статијата (на англиски јазик) напишана од Моника Ермерт за Intellectual Property Watch, посетете го следниот линк.