

Меѓународниот центар за демократска транзиција од Будимпешта и Форум центарот за стратешко истражување и документација од Скопје организираа работилница за напредно истражување – „Одоздола или одозгора: како да ги придвижиме евроатлантските интеграции во главите на луѓето од Западен Балкан?, во Скопје, 26-28 мај, 2009 година.
Учесниците вклучуваа представници на државите од Западен Балкан, од неколку области – граѓанско општество, политика, медиуми. Беа присутни поранешниот премиер на Македониај Владо Бучковски, поранешниот премиер на Унгариај Геза Јешенски, американскиот амбасадор во македонија Филип Рикер, Шефот на мисијата на ОБСЕ Хозе Луис Хереро, Соња Лихт од Белградскиот фонд за истакнатост во политиката. Учесниците расправаа отворено, без да се кријат зад политичката коректност, за многу прашања поврзани со евроатлантските интеграции во регионот.
Работилницата имаше за цел да ги преиспита сегашните перцепции и ставови на безбедносните предизвици во регионот и начините за нивно надминување. Дебатата се фокусираше на промоција на регионалната соработка на граѓанското општество преку преглед на начините за усвојување на успешните институционални модели.
За време на тридневната работилница, се расправаше за можноста за синхронизација на политиките на НАТО и ЕУ во Југоисточна Европа, со цел да се катализираат стабилизацијата и интеграцијата, како и начините на кои локалните активности можат да се пренасочат во ист правец со тие политики.