Text Size

За Фондацијата OWPSEE

Printer-friendly versionPrinter-friendly versionSend by emailSend by email

Еден Свет – Платформа за Југоисточна Европа (owpsee) е мрежа на граѓанското општество што дејствува во виртуелниот свет на интернет. Сè уште, а веројатно и засекогаш, и после три години напорна и посветена работа полна со ентузијазам, owpsee задржува два, во голема мерка паралелни идентитети. Прво, остануваме повеќејазична мултимедиска платформа за организациите на граѓанското општество што сакаат да комуницираат со поширока публика. Нашиот портал www.oneworldsee.org и поновите платформи што ги поддржуваме ги користат информациите за да ја овозможат соработката и меѓусебното учење на граѓанското општество во регионот. Преку различни стратегии, но секогаш со иста цел, нашиот втор идентитет е дека сме заедница и мрежа за граѓанското општество што произлегува од граѓанското оппштество. На граѓанското општество му нудиме знаење за одредени теми, прашања и трендови, и им помагаме на граѓанските организации да соработуваат меѓу себе. Изградбата на капацитети и вмрежувањето се ускладени со тие цели. Тимот на фондацијата Owpsee може да организира блогови, мрежи, настани и курсеви за обука (Дигитално раскажување, миграција на ФЛОСС платформи). За да одговориме на задачите што ни ги поставува нашата мисија, Owpsee ги канализира сите активности, програми и иницијативи во две категории:

  1. Информации и знаење: Промоција и обработка на локални содржини произведени од организациите на граѓанското општество. Јакнење на способностите, улогите и вклучувањето на ОГО во процесите на изградба на капацитетите на полето на информатичките и комуникациските технологии (ИКТ).
  2. Вмрежување и регионална соработка: Фокусирање на активностите на Фондацијата на ширењето и јакнењето на мрежите на организации на граѓанското општество, како и промоција и креирање на одржливи модели за регионална соработка.

 

Убедени дека светот не е неутрален сам по себе, и дека средствата треба да одговараат на поставените цели, решивме сите наши иницијативи, програми и настани да ги пропуштиме низ филтрите на:

  • Отвореноста на информатичките и комуникациските технологии: отвореност на содржините, инфраструктурата и стандардите.
  • Родово освестен пристап: родова освестеност како предуслов за деконструкција што ќе доведе до јакнење на различностите и родова рамноправност.

 

Share this

Јазични изданиа

Search

Our initiatives

13 Принципи

APC NEWS

  • The government and the Association of Internet Providers block access to websites in Ecuador
  • Ending digital exclusion: Why the access divide persists and how to close it
  • Joint statement to Brazilian congress: Drop dangerous cybercrime bills
  • APC's reflections on the 2015 Internet Governance Forum: 10 years and looking forward
  • APC condemns undermining of democracy in Brazil

Ženska posla

  • Dan vidljivosti transrodnih osoba
  • Vlasti peru ruke od ženskih problema
  • Neka nam živi 8. mart!
  • Hollaback BiH: Dosta nasilja!
  • Beyoncé, “Beyoncé” i ja