Text Size

Водичи за граѓанско учество во локалната самоуправа

Printer-friendly versionPrinter-friendly versionSend by emailSend by email

Граѓанската асоцијација МОСТ вчера, на 19 декември 2011 година, ги промовираше новите „Водичи за граѓанско учество во процесите на креирање политики и донесување одлуки во локалната самоуправа“, наменети ѕа граѓаните и општинската администрација.

Водичите имаат за цел да го зголемат граѓанското учество во процесите на креирање политики и носење на одлуки на локално ниво.

Дарко Алексов, извршен директор на МОСТ изјави на презентацијата дека, наспроти неспорната потреба од континуирана соработка помеѓу локалната власт и граѓаните, вклученоста на граѓаните во процесите на креирање политики и носење одлуки во локалната самоуправа останува мала.

„Tокму тоа е причината поради која Граѓанската асоцијација МОСТ изминатите две години, дел од своите активности и капацитети ги насочи кон вклучувањето на граѓаните во секојдневно функционирање на локалната самоуправа“, изјави Алексов.

На настанот исто така беше промовиран и Прирачникот за застапување, кој е издаден како дел од активностите на Центарот за застапување, проект на МОСТ подржан од Балканскиот Фонд за Демократија.

Според Славица Биљарска Мирчески, еден од авторите на Прирачникот, целта е преку Прирачникот да се инвестира во граѓаните и во нивните вештини и знаење, бидејќи најдобрите резултати се остваруваат со помош на учење, преку создавање на нови заеднички искуства и размена на добри практики.

Водичите ќе бидат достапни за сите заинтересирани граѓани и ќе бидат дистрибуирани до сите единици на локалната самоуправа во Македонија. (Извор: МОСТ/МИА)

 

Logo na MOST

Share this