Европските парламентарци да не ги заборават идните граѓани на Европа

Printer-friendly versionSend to friend

БЦСДН (Балканската мрежа за развој на граѓанското општество) бара, во Манифестот до кандидатите кои учествуваат во претстојните Избори за Европскиот Парламент, да не ги заборават идните граѓани на Европа во нивните изборни програми и активностите во идниот состав на Парламентот.

“Веруваме дека политиката на проширување на ЕУ нуди значаен поттик за демократското и економското преструктуирање и е инспирација за надминување на постоечките политички, општествени и социјални поделби во регионот. Со оглед на внатрешните и надворешните проблеми со кои се соочува ЕУ, стравуваме дека посветеноста на проширувањето ќе назадува на листата на приоритети и ќе го поткопа напредокот на реформите во регионот“, вели БЦСДН во Манифестот (достапен овде).

Мрежата додава дека процесот на проширување не треба да се сведе на ексклузивен однос помеѓу ЕУ и владите на државите и треба да вклучува многу повеќе од проста хармонизација на законите со Европското законодавство.

“Пристапот на граѓаните и граѓанското општество кон тој процес ќе овозможи поголемо познавање и нивно побрзо вклучување во трансформацијата на законодавството на ЕУ во реални, ефективни и одржливи реформи во ползана граѓаните од државите кандидат“, вели БЦСДН.

Мрежата бара од новоизбраните членови на Европскиот парламент и Европската комисија да обезбедат агендата за проширување да го задржи фокусот, додавајќи дека граѓаните од Западен Балкан треба да почувствуваат некои опипливи придобивки како што е итната либерализација на визниот систем.

Мрежата исто така бара од ЕУ да воспостави одржливи фондови за развој на граѓанското општество во земјите кандидати, програмирани со претходни консултации со граѓанското општество, а во светлото на повлекувањето на другите надворешни донатори и недостигот на алтернативни извори на финансирање на национално ниво или од приватниот сектор.

БЦСДН исто така бара законско и финансиско опкружување за јакнење на граѓанското општество да биде вклучено како дел од политичките критериуми за приближување кон ЕУ, како долгорочна стратегија за одржливост на секторот по придружувањето, а владите да превземат одговорност ѕа испонување на обврските ѕа раѕвој на граѓанското општество и граѓанскиот дијалот како дел од политичките критериуми.

Конечно, Мрежата бара од новоизбраните членови на Европскиот парламент и ЕК да обезбедат растечките иницијативи за поотворен, транспарентен и структуриран дијалог помеѓу граѓанското општество и институциите на ЕУ да се преточат во поголемо вклучување на граѓанското општество во идните членки на ЕУ во дијалогот за политиките за проширување на ЕУ.

БЦСДН, мрежа од 14 водечки ОГО од Западен Балкан и членки на ЕУ (Бугарија, Словенија, Романија), има за цел да придонесе за воспоставување силно, артикулирано и успешно граѓанско општество во нашите држави, како моќна алатка за унапредување на развојот и созревање на демократските институции и реформските процеси во државите кои се и ќе бидат кандидатки за членство во ЕУ од Западен Балкан..

Follow owpsee


Follow owpsee on Twitter facebook

  

Vimeo Flickr

Tag Cloud

Multimedia & Service

Ne damo Varšavsku!

Ne damo Varšavsku

Digital stories

APC Anniversary logo

Association for Progressive Communications - APC is celebrating its 20th Anniversary. Red more at www.apc.org

KampanjaInfo.org

Take Back The Tech
read about take back the tech campaign in SEE on local languages on: www.kampanjainfo.org