ЕСЦР-Нет бара одговорот на кризата да се заснова на човековите права

Printer-friendly versionSend to friend

ЕСЦР-Нет (Меѓународна мрежа за економски, социјални и културни права) ве повикува да ја поддржите нивната Изјава за финансиската криза и глобалната економска рецеција: Кон одговор заснован на човековите права, подготвена со значаен придонес и учество на организации и лица вклучени во активностите на мрежата.

Потврдувајќи дека оваа криза е можеби најсериозна економска криза од Големата депресија наваму и дека го продлабочува веќе постоечкиот јаз на нееднаквост внатре во и помеѓу државите, ЕСЦР Нет вели дека кризата и рецесијата ќе имаат страшни последици на полето на остварувањето на човековите права, особено економските, социјалните и културните права.

“Додека луѓето во развиените земји го чувствуваат влијанието на кризата на нивниот стандард на живот, работните места и дома, луѓето во земјите во развој го носат најголемиот дел од бремето, со малку механизми за заштита од сиромаштијата, а без фискални капацитети и простор за ублажување на ударот“, вели ЕСЦР Нет.

Мрежата додава дека ако продолжи веќе видената практика на владите да одговорат на растечкото социјално незадоволство и јавното изразуванје на очај и фрустрација со насилна репресија, тоа е сериозна закана за граѓанските и политичките права.

“Порастот на ксенофобични и дискриминарни ставови во обидите на некои сектори од општеството да ги обвинат другите за новонастанатата состојба ќе се одрази и на правата на сезонските работници и мигрантите, како и на малцинските групи кои се најранливи на разни форми на дискриминација“, велат од Мрежата.

Поради тоа, ЕСЦР Нет бара одговорот на финансиската криза и економската рецесија да биде фокусиран на нормите за човекови права, а особено на обврзувачките одредби наведени во Универзалната декларација за човековите права и останатите најзначајни меѓународни документи на полето на човековите права.

“Тоа не е нужно прашање на правдата, туку треба да помогне во одржливоста на реформите на финансискиот и економскиот систем и неговата отпорност на идни кризи“, вели мрежата, додавајќи дека таквиот одговор не претпоставува одреден тип на економски систем, ниту пропишува детални трговски или финансиски мерки.

ЕСЦР Нет, од друга страна, вели дека човековите права обезбедуваат универзално прифатена рамка, заснована на меѓународното право, како упатство за подготовката и примената на економските политики и програми за справување со ова криза без преседан во историјата.

Изјавата (достапна за снимање како .pdf документ на интернет страната на ЕСЦР Нет) е подготвена како придонес за расправата на Конференцијата за економската и финансиската криза во склоп на Самитот на ОН од 1-3 јуни, а за неа ќе се расправа и на Сослушувањето за кризата непосредно пред Самитот.

Ако сакате да ја поддржите изјавата како организација, испратете го името на организацијата, државата, името и електронската пошта на лицето за контакт, на адресата nlusiani@escr-net.org. За да дадете лична поддршка, испратете го името, државата, електронска пошта за контакт и, ако сте член, името на организацијата на која припаѓате.

Tag Cloud

KampanjaInfo.org

Take Back The Tech
read about take back the tech campaign in SEE on local languages on: www.kampanjainfo.org

Ne damo Varšavsku!

Ne damo Varšavsku

queer festival sarajevo 09 banner

Festival as any other - Festival of arts and engaged art

Secularism and Religion

Secularism and Religion in SEE

Read our new dossier on Secularism and Religion in SEE (the versions in the local languages to be online very soon)