Босна и Херцеговина

Тема на неделата: Медиумите и јавноста мора да ги заштитат жртвите на насилството

По откривањето на случајот на 15-годишното девојче од Братунац, БиХ, која е сместена во сигурна куќа откако е пронајдена предозирана минатиот месец и каде му кажала на персоналот дека била присилувана на проституција, организациите кои работат на полето на заштита на женските права и професионалните новинарски здруженија реагираа бурно на начинот на кој медиумите известуваа за случајот, со серија очигледни кршења на етичките и законските норми и стандарди за заштита на интегритетот, идентитетот и приватноста на жртвите.

Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените во БиХ

Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација на жените од 1979 година (во натамошниот текст Конвенцијата), еден од најзначајните меѓународни инструменти за заштита на женските права е ратификувана во Босна и Херцеговина во 1993 година, а од 1995 година е интегрален дел на уставно-правната рамка во БиХ. Со Конвенцијата се заокружува каталогот на политички и граѓански, економски, социјални и културни права на жените, а државите потписнички имаат обврска да ја имплементираат во сите сфери на животот. Авторка на оваа статија е Зилка Спахиќ-Шиљак од АЦИПС.

Интернет активизам – можност за општествена мобилизација

Општествениот активизам зависи од степенот на освестеност на граѓаните и нивната меѓусебна комуникација, па интернетот може да биде пресуден како најзначаен и најотворен медиум за масовна комуникација. За разлика од консументите на традиционалните медиуми, корисникот на интернет не е само приемник на информации туку и комуникатор. Иако многумина го користат интернетот за разонода и забава, тој нуди простор и алатки за сите форми на општествено вмрежување, креирајќи го неопходното јавно мислење во Босна и Херцеговина.

Жени во времето - Братунац

На 09. 10. 2009. Во Братунац , во склоп на кампањата 16 дена активизам е одржана Свечена конференција : „Жените во времето од 1945.-1992. i 2009. во регионот на Сребреница”, посветена на активистките на книгата „Жените во времето – Братунац“, кои биле препознатливи во периодот од 1945 до 1992 како носителки на позитивни општествени промени.

Резолуција на поддршка за укинувањето на виѕите за Македонија, Црна Гора и Србија

Европскиот Парламент во Брисел денес треба да ја усвои резолуцијата за поддршка на укинувањето на визите за влез во државите на ЕУ за државјаните на Македонија, Србија и Црна Гора, која треба да почне да важи од 19 декември оваа година.

Тања Фајон, известувач на Парламентот за визна либерализација за трите држави од Западен Балкан, го изрази своето задоволство од очекуваната одлука за укинување на визите и подсети дека граѓаните на тие држави се изолирани поради визниот режим на Унијата, како и дека во бивша Југославија имаа поголеми права и слобода на патување.

Во Сараево усвоена Мировна декларација по повод Светскиот марш

Учесниците на Светскиот марш за мир и ненасилство и нивните локални партнери – Образованието ја гради БиХ; Спортскиот сојуз на Кантонот Сараево; Граѓанското здружение Зошто да не; Фондацијата Еден свет платформа за Јутоисточна Европа; и Алт Театарот – заедно со други мировни и граѓански организации, одржаа состанок на 4 ноември, во Сараево, на која усвоија Декларација која ќе биде прочитана на пристигнувањето на Маршот во Женева.

Жељко Комшиќ: БиХ не можеше да ја испушти оваа шанса за мир и ненасилство

На осмиот ден од својата тура низ Балканот, Светскиот марш за мир и ненасилство беше пречекан од Претседателот на Претседателството на БиХ Жељко Комшиќ и градоначалникот на Сараево Алија Бехмен.

Syndicate content

Tag Cloud

KampanjaInfo.org

Take Back The Tech
read about take back the tech campaign in SEE on local languages on: www.kampanjainfo.org

Ne damo Varšavsku!

Ne damo Varšavsku

queer festival sarajevo 09 banner

Festival as any other - Festival of arts and engaged art

Secularism and Religion

Secularism and Religion in SEE

Read our new dossier on Secularism and Religion in SEE (the versions in the local languages to be online very soon)