Проектот РОК ШКОЛА ЗА МИР И ПРИЈАТЕЛСТВО започнува денес, 7 јули во Струга, како динамичен едукативен процес чии рамки ќе се формираат најмалку два рок музички состави. Крајот на Школата, организирана од невладината организација Цивил ќе го означи рок концерт на плоштадот во Струга, на 16 јули (четврток) со почеток во 21 часот.
Проектот има цел да ја подобри состојбата на меѓуетничките односи и да ги промовира мирот, толеранцијата и пријателството на вистински и конкретен начин, близок до младите генерации.